Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги демантираше шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин е тешко болен.
На прашањето на новинарите на францускиот TF1, Лавров рече: „Мислам дека разумните луѓе не можат да видат знаци на болест или лекови кај претседателот“.
Лавров додаде дека Путин, кој во октомври ќе наполни 70 години, „се појавува во јавноста секој ден“.
Можете да го видите на екраните и да ги читате и слушате неговите говори.
Здравјето и приватниот живот на Путин се табу теми во Русија и речиси никогаш не се јавно дискутирани.