СДСМ: Обвинети во „Криминални парцели“ се донатори на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да не бега туку да одговори

Од:

Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинетите и осомничени во аферата „Криминални парцели“ со која се проневерени 1,6 милиони евра се донатори на ВМРО-ДПМНЕ и на кампањата на Данела Арсовска велат од СДСМ.

– Орце Тодоровски, Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски, Мирослав Митрески се на листите на донатори на ВМРО-ДПМНЕ, а Орце Тодоровски и на листата на донатори на Данела Арсовска. Мицкоски да не бега туку да одговори каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“? Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор и преку својот телохранител ги прикрил трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Никола Груевски правеше со плацовите на Водно. Мицкоски мора да даде одговори на овие прашања пред јавноста се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски