Стоилковски: Спасовски да одговори дали за пукачот од Чаир имало потерница за затвор

Од:

Дали причина за молкот на МВР на Оливер Спасовски за пукањето во Чаир стои фактот дека лицето коешто пукало и е ослободено по веројатна асистенција на заменикот директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани, повеќе од една година е осудено за истото дело по член 396 и уште од лани, точно пред една година било испратено барање до СВР Скопје за негово апсење за отслужување на казната, праша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„ Оливер Спасовски мора да одговори дали лицето коешто среде булевар во Скопје пред ресторан, околу 20 часот кога има голема френквенција на народ, лице коешто пукало од огнено оружје, лице коешто влегло во конфликт со полиција, лице коешто користело недозволени полициски осветлувања, лице коешто било ослободено по веројатна интервенција од заменик директорот на Бирото за јавна безбедност, е лице за коешто година дена постои документ за негово приведување за отслужување на затворска казна? И истото е пуштено при повторување на делото!

Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност, извор и учесник во каубојски оружени пресметки! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство на полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштено заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност, а МВР и Оливер Спасовски молчат!? Дали молкот се должи единствено на можноста за опстојување на власта СДСМ/ДУИ?“ изјави Стоилковски.

Тој порача дека државата и безбедноста на сите луѓе во Македонија не смеат да бидат заложници на, како што рече подредената улога на СДСМ, на Ковачевски и на Спасовски само и само за гола власт. Владата на СДСМ/ДУИ е извор на криминогени и мафијашки скандали, а неказнивоста е неиздржлива и носи животи! Премногу е! Одговорност и избори веднаш, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски