(ВИДЕО) Маркоска: Сите пратеници да го поддржат Ребалансот кој обезбедува заштеда од 200 милиони евра и повиоски плати

Од:

„Владата предводена од СДСМ го утврди ребалансот на Буџетот за 2022 година. Овој ребаланс е важен затоа што со него во време на најголема светска економска криза, се прават сериозни кратења во делот на расходите а средствата се пренаменуваат за мерки за помош на граѓаните и компаниите“, рече Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

„Заштедата од 200 милиони евра ќе се искористи за засилена заштита на животниот стандард на граѓаните, особено на ранливите категории, понатаму, за финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите, но и за повеќе средства кон земјоделците со цел зголемено производство на храна.

Преку навремени и ефикасни мерки, се справуваме со последиците од глобалната економска криза, покажавме дека и во време на најголема светска економска криза, платите и пензиите можат да растат, трошоците да се намалуваат и стандардот на граѓаните да биде заштитен.

Очекуваме согласно роковите, ребалансот да се најде пред пратениците на матичната комисија, а потоа и на пленарна седница.

Ги повикуваме сите пратеници од сите пратенички групи да се вклучат конструктивно во носењето на овој ребаланс затоа што битно е помошта кон граѓаните да биде постојана.

Ова парламентарно мнозинство предводено од СДСМ досега покажало дека има слух за барањата од опозицијата и дека оние амандмани кои биле издржани и во насока на унапредување на стандардот на граѓаните ние сме ги прифаќале.

Очекуваме дека опозицијата наместо со блокади и кочења, ќе придонесе со аргументирана дебата и конструктивност при носењето на ребалансот.

Парламентарното мнозинство останува посветено на реализација на мерки и политики кои се во интерес на граѓаните и државата“, изјави Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Горан Наумовски