Кина со реакција до САД: ИПЕФ треба да го олесни развојот, а не да ги поткопа и подели постојните механизми

Од:

За Кина, новата индо-пацифичка економска рамка (ИПЕФ) би требало да ги олесни просперитетот, развојот и економската соработка, а не да ги поткопува и подели постоечките механизми во азиско-пацифичкиот регион, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Успехот на азиско-пацифичката економија лежи во отвореноста, соработката и взаемната корист. Релевантни иницијативи треба да придонесат за просперитетот и развојот на регионот, да бидат отворени и инклузивни, а не дискриминаторски и ексклузивни, како и да промовираат економска соработка и солидарност, а не да ги поткопуваат и поделуват постоечките механизми, е одговор што се однесува на американското соопштение за започнување рамка.

Портпаролот на Министерството изјави дека Кина останува отворена за секоја регионална економска иницијатива, што е во согласност со горенаведените принципи.

Според него, Кина, исто така, ќе се придржува кон отворениот регионализам и ќе споделува добро и зло со своите трговски партнери во азиско-пацифичкиот регион.

– Кина е подготвена да ја унапреди прагматичната соработка со сите страни, за да се поттикне регионалната економска интеграција, да се промовира економско закрепнување во регионот и да се одржат регионалниот мир и стабилен развој, додаде портпаролот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа