СДСМ: Со одговорните политики ребалансот на Буџетот е со заштеда од 200 милиони евра за поголеми плати и пензии

Од:

„Одговорните политики на СДСМ се рефлектираат преку ребаланост на Буџетот, со кој заштедата од 200 милиони евра од непродуктивните трошоци, ќе се пренамени за ублажување на последиците од најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа“, велат од СДСМ.

„Она што е важно во овој ребаланс е тоа што секоја пренамена на средствата е во насока на поголема заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и повеќе субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна.

Со СДСМ и во време на криза растат платите и пензиите. Просечната плата се искачи над 500 евра, минималната плата се зголеми двојно, на 18.000 денари, платите во образованието рекордно се зголемија за 15%, следува рекордно зголемување на пензиите и нова методологија за постојан раст.

СДСМ продолжува со вистинска грижа за економијата и за сите категории на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он