Основното обвнителство во градот Урошевац во југоисточно Косово соопшти дека во полициска акција спроведена денеска се уапсени десет лица и се запленети 70 килограми дрога хероин, јави дописникот на МИА од Приштина.
Уапсените се сомничат дека го извршиле кривичното дело „Неовластена трговија, поседување и дистрибуција на наркотици, психотропни и аналогни супстанци“.
Полициската акција со кодно име „Јама“ е изведена по подолги и обемни истражни дејствија на Обвинителството, Управата за тешки злосторства и Управата за истрага и трговија со наркотици при косовската полиција, се вели во соопштението на урошевачкото обвинителство.
Извор: МИА