Пахор со средба со Голоб ги почна консултациите за составот на новата словенечка влада

Од:

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска почна со консултации со претставници на политички партии во новиот Парламент, со цел што побргу државата да добие нова влада врз основа на резултатите од изборите одржани на 24 април.

Пахор го прими претседателот на Движењето Слобода, Роберт Голоб, чија партија на изборите освои најмногу гласови и 41 пратенички мандат од вкупно 90, а кој се смета и за сигурен иден премиер.

Немаше изјави по состанокот на Пахор и Голов. Но, за понатамошни чекори за формирање влада, се очекува двајцата да зборуваат на прес-конференција, откако Пахор ќе заврши и со одвоени консултации со координатори на пратенички групи од останатите парламентарни партии.

Се очекува уште денеска, како што самиот најави, словенечкиот претседател официјално да ја извести новата претседателка на Парламентот, Уршка Клакочар Зупанчич, дека за мандатар на новата влада го предлага Голоб.

Словенечкиот Парламент може да гласа за премиер 48 часа откако ќе биде номиниран, а најдоцна седум дена, па гласањето се очекува в среда.

За избор на премиер е потребно мнозинство во парламентот, а гласањето е тајно.

Коалицијата на Голоб со Социјалдемократите на Тања Фајон и Левицата на Лука Месец ќе има 53 гласа во Парламентот од 90 членови. Владата би можеле да ја поддржат и двајца пратеници , кои ги претставуваат унгарското и италијанското малцинство.

Голоб, Фајон и Месец утре и официјално ќе го потпишат коалицискиот договор меѓу своите партии. Наредните неколку дена треба да се заврши и формирањето парламентарни тела и одбори, пред кои ќе бидат претставени кандидатите за министри.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Словенија: Ќе ги почитуваме налозите за апсење на лидерите на Израел и Хамас

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја