Полската министерка за клима и животна средина Ана Москва објави дека Полска одлучила да го раскине договорот со Русија поврзан со гасоводот Јамал.
„Полска го раскина меѓувладиниот договор Јамал од 1993 година. Руската агресија против Украина потврди дека одлуката на полската влада да стане целосно независна од рускиот гас беше правилна. Отсекогаш знаевме дека Гаспром не е доверлив партнер“, напиша Москва на Твитер.
Русија минатиот месец го прекина снабдувањето со гас за Полска и Бугарија преку гасоводот Јамал-Европа.
Polska wypowiada międzyrządowe porozumienie gazowe z 1993 r. ws. Jamału. Agresja Rosji na Ukrainę potwierdziła trafność determinacji polskiego rządu w kierunku całkowitego uniezależnienia się od rosyjskiego gazu. Zawsze wiedzieliśmy, że Gazprom nie jest wiarygodnym partnerem.
— Anna Moskwa (@moskwa_anna) May 23, 2022