Министерството за енергетика на Литванија соопшти дека таа земја од утре нема да увезува струја од Русија.
На тој начин во таа земја повеќе нема да има руски гас, нафта или струја.
Министерот за енергетика Даиниус Кравис изјави дека ова е важна пресвртница не само на патот на Литванија кон енергетска независност, туку и израз на солидарност со Украина, пренесува литванскиот портал Делфи.
Потребите за гас на Литванија се задоволуваат од терминалот за ЛНГ во Клаипеда, каде гасот доаѓа од САД, а кога станува збор за електрична енергија, Литванија ќе се потпира на производството и увозот од земјите на ЕУ преку Шведска, Латвија и Полска.
На почетокот на април Литванија престана да увезува гас од Русија.