Авганистанските новинарки ќе мора да го покријат лицето

Од:

Авганистанските медиуми денеска објавија дека талибанците издале наредба новинарките на телевизија да се појавуваат со покриени лица.

Талибанците наведоа дека новата наредба е конечна и „не е за дискусија“.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од водителки со покриени лица.

Еден авганистански телевизиски продуцент изјави дека според новата наредба, лицата на водителките мора да бидат покриени „за да им се гледаат само очите“.

Талибанците сè уште не издале јавно соопштение за наредбата, што уследи набрзо откако беше воведено правилото дека жените мора да го покриваат лицето на јавно место.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авганистанките излегоа на протест, талибанците ги растераа со водени топови

Катерина Ѓуровски

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Талибанците им забранија на Авганистанките да одат во забавни паркови

ОН ги повикуваат талибанците да ги ослободат приведените активисти за правата на жените

Една година подоцна, ЕУ ги критикува Талибанците за злоставување на авганистански жени и девојчиња