Русија: Украинците гранатираа село во близина на границата, еден мртов

Од:

Гувернерот на руската област Курск, Роман Старовоит на Телеграм објави дека еден маж загинал, а повеќемина се повредени во напад на украинската армија врз погранично село Тјоткино.

– Уште еден непријателски напад врз Тјоткино, што беше изведен во зори, за жал заврши со трагедија. Во моментот се знае дека е убиен најмалку еден цивил, напиша Старовоит на Телеграм.

Тој додаде и дека според првичните податоци, жртвата е возач на камион.

– Во нападот има и ранети … Оштетени се неколку куќи во Тјоткино. Во селото во моментов се гаснат пожарите, истакна Старовоит.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков