Турција ја блокира одлуката на НАТО

Од:

Турција ја блокираше првичната одлука на НАТО да ги процесира барањата на Финска и Шведска за пристапување во воената алијанса, пишува ФТ.

Ова ги доведува во прашање надежите за брзо приклучување на двете нордиски земји.

Амбасадорите на НАТО се состанаа во средата за да ги отворат разговорите за пристап на истиот ден кога Финска и Шведска ги поднесоа своите апликации, но противењето на Анкара го прекина секое гласање, според лице кое има директни информации за ова прашање.

Одложувањето предизвикува сомнеж дека НАТО ќе може да ја одобри првата фаза од барањата на Финска и Шведска во рок од една или две недели, како што рече генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Тоа, исто така, го поставува теренот за неколкудневна интензивна дипломатија меѓу Соединетите Држави, Турција, Финска и Шведска по ова прашање.

Сите 30 постоечки членки на НАТО мора да ги ратификуваат апликациите на Финска и Шведска, но тој процес започнува дури кога одбранбената алијанса ќе издаде протокол за пристап и официјално ќе ги покани двете земји да се приклучат.

Финска и Шведска денеска официјално го доставија своето барање за влез во НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој го поздрави барањето на Финска и Шведска за влез во НАТО.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било