Фронтменот на популарната група „Дивљи кестен“ Игор Старовиќ почина денеска, по кратко боледување, на 56-годишна возраст.
Игор помина 10 години во бендот „Дивљи кестен“ каде што беше пејач, композитор и аранжер. Групата е формирана во 1992 година за време на војната и веднаш стана миленик на публиката. Сними пет албуми, кои зад себе оставија големи хитови.
Групата уживаше голема популарност, одржа илјадници концерти низ земјата и светот и освои бројни музички награди. Пред неполна година Игор и групата „Дивљи кестен“ ја добија наградата „Белградски победник“ за „придонес и зачувување на традицијата во забавната музика“.
Инаку, Игор Старовиќ по образование беше дипломиран археолог и оваа страст ја негуваше до крајот на животот. Заедно со музиката и археологијата негова голема љубов била и кошарката.