Во галерија „КО-РА“, во Ј.У.Дом на култура „Кочо Рацин“ -Скопје, од вечерва, 16 мај е отворена изложбата на група истакнати уметници кураторски проект на Петра Јовановска уметница која учествува во бројни проекти и во рамките на годишните изложби и на Галерија „КО-РА“ во земјата и надвор.
По повод отворањето на ова азнчајна изложба историчарката на уметност Виолета Калиќ истакна:
„Оваа изложба настаната на иницијатива на Петра Јовановска , а насловена „Заеднички патишта“ побудува особено внимание, како според концептот и артикулацијата на дијалогот кој успева да го оствари помеѓу разнородната творечка лексика на групата уметници кои живеат, творат и изложуваат во повеќе земји симултано, запазувајќи го индивидуалното во определбата, ја посочуваат темата која ја живееме и споделуваме како се поглобален и се понеминовен реалитет… каде секоја единка станува персонализиран и деперсонализиран сегмент кој се препознава во глобализмот, во урбаното, во катадневното, во секвенците на отуѓувањето, во технологизацијата и дигитализацијата која го обојува и дефинира и дијалогот со интимата, во цикличноста на сите процеси, и во природата уште од големиот прасок, од празачетокот до бесконечноста, и во катадневието, кое тавтолошки се повторува и се пресликува низ секвенците на свесното и несвесното, каде се наметнува по-трагата по доблестите, кои не извишуваат во талкањата помеѓу кревките и суптилни нешта, навраќањата на зародишот на суштественото, на изворите на природата, кои не возобновуваат и реинкарнираат, не извишуваат и ги облагородуваат сите сегменти на контемплативното, духовното, исконското, архетипското, во по-трагата на смислата која ја артикулира и оваа ликовна комуникација помеѓу уметниците и световите кои молкум ги спојуваат, поврзуваат и извишуваат над минорното, и стереотипното, понудувајќи ја нишката на непосредност и топлина, во интеракцијата на сите сегменти, како сврзник во настојувањата светот да ги допре и вдише поривот за дијалог, за комуникација, за интеракција, за препознавање, за осознавање, за взаемност, за исчекор, за заедништво, како неминовност во себезапазувањето, и запазувањето на родот, на хуманоидното, на патот кој го споеделуваме, имагинарно или реално, да го облагородиме, и направиме повозможен за една нова и поинаква доживелица …и кога се вкрстуваат и разминуваат патиштата, трагата останува по сите цивилизциски каденци и декаденци, турбуленции, вдишувања и издишувања, предизвици и изблици, зародиши и понорувања,која не опоменува или сугерира обилство на секогаш,едни нови и подобри можности за секој од нас и за сите нас, како во сонот кој го живееме, некогаш и со ширум отворени очи….каде и да сме, често ги споедлуваме тие сништа, и на тие толку далечни, а едновремено и толку блиски наши , неминовно се повеќе наши заеднички патишта …“ истакна Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Ј.У.Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, по повод отворањето на оваа изложба која воедно создава нови хоризонти за идната соработка со групата еминентни современи уметници и педагози, наградувани ширум светот со бројни награди и признаниа.
Овој проект насловен Заеднички патишта“ кој обединува повеќе уметници, е во рамките на меѓунаропдната соработка, и е подржан од Град Скопје. Изложбата обединува значајни имиња на успешни и наградувани уметници, учесници во бројни проекти ширум светот, а предложена е во рамките на Годишната програма на Галерија „Ко-РА“ за 2022 која има за цел интензивирање на меѓународната соработка и во областа на визуелните уметности, дизајн и архитектура, и тоа преку разнородни изложби и други проекти со учество на наши и на странски уметници од ЕУ и пошироко. Оваа изложба е настаната на иницијатива на нашата уметница со чешко потекло Петра Јовановска.
Петра Јовановска (1972 / Јесеник, Р. Чешка), Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје
Дипломирала на Факултет за ликовни уметности (отсек графика), а Гимназија има завршено во Јесеник, Р. Чешка.Петра Јовановска има до сега реализирано 54 самостојни изложби – Галерија ДЛУМ, Марибор, Словенија, Чешки центар, Софија, Бугарија; Галерија Апстракт Проект, Париз, Франција, Музеј Пригорја, Загреб, Хрватска, Галерија Бунсен Гоетз, Нирнберг, Германија;Галерија МЦ, Њу Јорк, САД; Национална галерија Чифте Амам, Скопје; Државен замок Швихов, Р. Чешка; Бастион Св. Јадвига, Ниса, Полска
До сега има реализирано над 300 групни изложби – Салон Гранд Пале, Париз, Франција ;Зимски салон, Национална галерија, Чифте Амам, Скопје; Пебео Медиа, Галерија Мениер, Лондон, В. Британија; Ехо од Охрид, Галерија Кленова/Клатови, Замок Кленова, Р. Чешка, Париз, те сакам, НГМ – Чифте Амам, Скопје
Петра има учествувано на 33 меѓународни ликовни колонии и симпозиуми.
Добитник е на бројни награди (Жени во уметноста – Орландо, САД, Арт Олимпија – Токио, Јапан, Остенов уметник, Гран При на 14. Зимски салон, награда за графика ДЛУМ, награда за мала графика на графичко биенале во Романија).Реализираше творечки престој во Париз, Франција.
Член е на ДЛУМ, ИКОМОС.
Слаѓана Матич Трстењак е родена 1985 во БИХ. Магистрирала сликарство на АЛУ во Широки Бријег, БиХ. Реализираше околу 30 самостојни изложби ( Франција, Словенија, Хрватска, Австрија итн. ). Има учествувано во над 100 групни претставувања ( Словенија, Хрватска, Унгарија, итн. ). Добитник е на голем број награди и учестник на бројни ликовни колонии и симпозиуми. Живее како самостоен уметник во Словенија.
Вит Павлик ,Роден е 1976 год. во Р.Чешка.Има завршено Јужночешки универзитет, педагошки смер за уметнички училишта. Член е и воедно и претседател на Асоцијација на јужночешките уметниици. Има реализарано голем број самостојни и групни изложби ( Р.Чешка, Германија, Австрија, Словачка, Италија, Франција, САД, Полска). Добитник е на неколку награди ( Германија, Словачка ).Освен со сликарство се занимава и со проектна фотографија.Живее во Р.Чешка и работи како педагог / директор во Уметничко училиште.
Теодор БузуРоден 1960 год. во Драслицени, Молдавија.Има завршено Академија за уметност и дизајн во Харков, Украјина.Член е на Асоцијација на јужночешките уметници, член на групата Ди ноен Милбен (Австрија) и член на Унија на уметници на Р.Молдавија.Има реализирано 96 самостојни изложби и земено учество во над 120 групни претставувања до Р. Чешка и во странство. Добитник е на многубројини награди ( Р.Чешка, Германија, Молдавија, Романија, Словачка, Соединети Арапски Емирати ).Живее и работи во Табор, Р.Чешка
Рафаел Ристовски, роден 1998 во Р. Чешка, ЗавршилДСУЛУД Лазар Личеноски, Скопје / оддел – керамички дизајн.Студент – УКИМ, Скопје Самостојни изложби:2021 – Живот во кругот, Галерија Артстепс – инлајн платформаУчествува на бројни групни изложби , „Јас и круг“ Галерија Остен, Скопје, „ Велосипедот на нашите улици“, Галерија КоРа, -Скопје; Меѓународна изложба на графика, Арте АЦ Технолоџико, Монтере,Мексико; Биенале на мала графика, Јударел Алба, Романија;Изминување на времето, Л.У. Музеј Велес, Ликовен салон. Има учествовано на меѓународна ликовна колонија во Хрватска.Се занимава со нови медиуми, фотографија и графички дизајн.