Сопруги на борците од Азовстал: Нашите сопрузи се подготвуваат за последната битка

Од:

Украинските војници заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол имаат многу малку храна и вода за пиење, објави украинската новинска агенција Униан, цитирајќи ги сопругите на бранителите.

„Разговарав со мојот сопруг вчера. Тој рече дека бомбардирањето продолжува и дека тие речиси никогаш не излегуваат на површина“, рече Јулија, сопругата на војникот Арсениј Федосјук.

„Тие се прилично песимисти, се подготвуваат за последната битка бидејќи не веруваат во дипломатско решение на ова прашање. Најчесто остануваат во бункерот бидејќи бомбардирањето постојано трае“, рече таа.

Според сопругот, во Азовстал има многу малку вода, а нивните сопрузи мораат да пијат сервисна вода која претходно ја користеле за стопанисување со електраната.

„Пред неколку часа добивме повик. Ме погоди веста дека Русите фрлаат фосфорни бомби врз Азовстал“, изјави Катерина, сопругата на командантот на Азовскиот полк Денис Прокопенко.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков