Руски средства на француски Рено сега државен имот, ќе произведуваат Москвич

Од:

Руските средства на францускиот производител Рено станаа државна сопственост, соопшти денеска Министерството за индустрија и трговија на Русија. Објавата е во момент кога странски компании ја напуштаат државата поради воената кампања на Москва во Украина.

„Потпишани се договори за трансфер на руски средства на групацијата Рено на Руската Федерација и владата на Москва“, се вели во соопштението на Министерството.

Ќе се произведуваат автомобили под историскиот бренд „Москвич“. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

„Странскиот сопственик одлучи да ја затвори фабриката на Рено во Москва. Тоа е негово право, но не можеме да дозволиме илјадници работници да останат без работа. Затоа решив да ја преземам фабриката под раковоство на градот и да го обновам производството на автомобили под историскиот бренд „Москвич““, пишува градоначалникот на својот блог.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов