Мицкоски: Работиме да има избори, ВМРО-ДПМНЕ да освои 61 пратеник

Од:

„Ние ќе работиме да има избори. Јас тоа сум го кажал многу пати во минатото и ќе го повторам и сега, опцијата на ВМРО-ДПМНЕ е условно речено албанските опозициски партии и тука да немате дилема“, одговори на новинарско прашање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со кого би соработувал од албански партии ако оди на избори.

Мицкоски посочи дека има еден услов кој што важи во Уставот, а тоа е бадинтер. За да се спроведат тие реформи кои што планира да ги спроведе ВМРО-ДПМНЕ за да може Македонија да оди напред, дел од тие закони зависат од условот бадинтер.

„И затоа се обидов еве на отворена сцена да правиме измени кои што се оние проценти во Уставот, да нема бадинтер, да нема балансер, да луѓето напредуваат согласно своите компетенции и знаења и вештини. И да може да ја водат државата оние кои што народот ги одбрал. Ако народот го одбрал ВМРО-ДПМНЕ со 61, да ја води државата ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што тој ќе ја состави. Но, поради тој услов бадинтер ќе мора ние да ја адаптираме таа коалиција. И затоа сум еве убеден дека опозиционите условно кажано албански партии на следните предвремени парламентарни избори ќе го поразат ДУИ. И мислам дека е време ДУИ да помине одреден период во опозиција“, нагласи Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

До крајот на неделата технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Можно е ново намалување на ДДВ за горивата

Катерина Ѓуровски