Следна средба на Историската комисија со Бугарија дури во септември

Од:

Од македонското Министерство за надворешни работи информираат дека следната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања ќе се одржи во септември.

„На 12 и 13 мај 2022 година во Софија се одржа 19-тата средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

На средбата, во конструктивна атмосфера членовите на Комисијата водеа дискусија на која беа разменети неколку предлог идеи за препораки за учебниците од основното образование кои се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период. На средбата беа усогласени и потпишани записници од претходните средби. Со заемен договор на двајцата копретседатели на Комисијата, договорено е наредната средба на Комисијата да се одржи во средината на септември 2022 година“, се наведува во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни