Вишото обвинителство смета дека Зеќири ќе избега и влијае на сведоци ако биде ослободен од притвор

Од:

Вишото јавно обвинителство смета дека гаранција на Мухамед Зеќири од 280 илјади евра не е доволна за да гарантира дека нема да избега и да влијае на сведоци. Ова за „А1он“ го потврдија од Вишото јавно обвинителство. По два дена размислување, ова мислење го дале на Кривичниот суд, каде судија на претходна постапка ќе треба да ја донесе конечната одлука.

„Дадено е негативно мислење“, велат од Вишото јавно обвинителство-Скопје.

Притворот на Зеќири е продолжен од кривичниот совет, кој смета дека само оваа најстрога мерка за обезбедување присуство ќе биде ефикасна за тој да не избега и не влијае на сведоци. На оваа одлука е вложена жалба. Судијата на претходна постапка е третиот кој може Зеќири по месец и половина да го извади од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Адвокатот Александар Трајковски, кој го застапува Зеќири, претходно кажа дека понудената гаранција од ексгенералниот секретар е составена од недвижен имот. Тој образложи дека мерката ефективен притвор не треба да опстојува, бидејќи нема основ.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, пишуваше во соопштението на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција.

Дента кога му беше одреден притвор, Зеќири даде оставка и од позицијата генерален секретар на Владата.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

Зеќири ќе поднесе жалба на пресудата: Спроведував умисла на владата и Битиќи

Александар Тодески

Две и пол години затвор за Мухамед Зеќири, треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет

Александар Тодески

Во Кривичен пресуда за Мухамед Зеќири

Мухамед Зеќири ослободен од притвор и доби преквалфикација на делото поради измените во Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски

Не дојде сведок на одбраната, судењето против Мухамед Зеќири одложено за 24 октомври