На Малта запленети рекордни 1,5 тони кокаин за Словенија

Од:

Цариници од Малта заплениле рекордни 1,5 тони кокаин, проценет на 300 милиони евра, скриен во контејнер со кој се превезувале банани од Колумбија во Словенија, објави денеска малтешкиот весник „Малта тудеј“.

Според извештајот, царинските службеници заплениле 50 вреќи со речиси 1.500 пакувања од еден килограм кокаин на брод што пловел за Копер во Словенија. Случајот го истражува Одделот за наркотици од полицијата на Малта, јави СТА.

Царината соопшти дека заплената била рекордна по обем и вредност, многу поголема од пратката од 800 килограми кокаин запленета во истото пристаниште минатиот месец.

Се наведува дека цари ниците на Малта во 2019 година заплениле вкупно 750 килограми кокаин, во 2020 година 612 килограми, а лани 740 килограми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Предраг Петровиќ

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

Во Порторико запленети 1.670 килограми кокаин вреден 33 милиони долари

Горан Наумовски

Кокаин вреден над 2,9 милиони евра откриен во пратка со банани во Солун