Бајден: Еден милион починати поради Ковид-19 е трагична пресвртница

Од:

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека еден милион смртни случаи од Ковид-19 во таа земја се „трагична пресвртница“ и ги повика Американците да бидат внимателни.

– Оваа пандемија не е завршена. Денеска одбележуваме трагична пресвртница овде во САД, еден милион смртни случаи од Ковид-19. Еден милион празни столчиња околу семејна трпеза … Мораме да останеме будни кога станува збор за оваа пандемија и да направиме сè што можеме за да спасиме што е можно повеќе животи, како што направивме со повеќе тестови, вакцини и третмани од кога било досега, нагласи Бајден.

Тој додаде дека од клучно значење е Конгресот во следните месеци да не ги намали средствата што ги издвојува за борба против Ковид-19.

Бајден посочи и дека смрт на најблиските има силно влијание врз семејствата и истакна дека „нацијата е променета засекогаш“. Тој нареди и спуштање на знамињата на половина копје.

Загубата на еден милион животи претставува една смрт на секои 327 Американци, или вкупно, повеќе од целото население на Сан Франциско или Сиетл.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

„Колку сте уверени дека нема да има војна? Бајден: Колку сте сигурни дека нема да врне?

Катерина Ѓуровски

Бајден му нареди на Пентагон: Прилагодете ги позициите на американската војска на Блискиот Исток

Горан Наумовски

Бајден: Смртта на шефот на Хезболах е мерка за правда

Горан Наумовски

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Бајден: Можна е општа војна на Блискиот Исток, но можно е и да се дојде до решение

Горан Наумовски

Бајден: Војната на Путин пропадна, светот мора да избере дали да и помогне на Украина

Горан Наумовски