Бројот на луѓе настрадани од поплавите во текот на месецот во Судан се искачи на 150.000 и се очекува бројот и понатаму да расте, соопштија Обединетите нации.
Во соопштението од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните активности (ОЦХА) се посочува дека повеќе од половината настрадани, 84.000 луѓе живеат во поширокиот регион на главниот град на Судан, Картум.
Според метеоролозите дождови се очекуваат и во следните денови.
Обилните дождови почнаа да паѓаат на 1 август и предизвикаа поплави кои уништија најмалку 26.000 куќи.
Во поплавите во сојузната држава Нил, северно од Картум досега загинаа 36 луѓе.