Снимките, кои во неколку минути успеваат да ја претстават светската метропола до детали не се нови, но Дру Гераци го создал веројатно најубавото видео на Менхетен, кое можете да го најдете.
„Midtown“ претставува двоипол минутна посета на некои од најпознатите обележја на Њујорк – Тајмс Сквер, Радио Сити Мјузик Хол, Гранд Централ Терминал, Петтата авенија, како и зградите Флатирон и Крајслер.
Според Гераци, кој беше продуцент за интро филмот „House of Cards“, овој time lapse видео е сниман шест месеци со четири камери.
– Светлата, автомобилите, сообраќајот и луѓето прават градот да оживее како некој организам, кој никогаш не спие, вели Гераци.
– Нашата главна цел беше да го забележиме централниот дел на градот визуелно и звучно, додаде тој.