Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

Од:

Молчи Зоран Заев, молчи Димитар Ковачевски, молчи СДСМ, молчи Владата, нема коментар за имотите вредни 14 милиони евра на македонски државјани во Дубаи. Членови на најблиското семејство на Зоран и Вице Заеви, како и други членови на семејството Заеви постојано објавуваат фотографии од луксузните имоти во Дубаи рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Дали имотите во кои што престојуваат членови на семејството Заеви се во посед на некој член со презиме Заев? Ако овие имоти се во нивни раце, колку пари се купени и како тие пари се стекнати? Зоран Заев, ти како поранешен премиер треба да одговориш пред јавноста дали лица од твоето семејство поседуваат имоти во Дубаи? Народот заслужува да знае. Дополнително ги повикуваме финансиските институции во Македонија да ги истражат наводите на новинарите од Норвешка и да утврдат дали имотите вредни 14 милиони евра во Дубаи се стекнати со пари заработени со криминал и корупција. Ковачевски како премиер и поранешен заменик министер за финансии мора да излезе и да каже дали луѓе од неговото блиско опкружување се дел од лицата кои што поседуваат имоти во Дубаи, на свое или на име на други лица вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он