ВИДЕО: Украинците објавија дека собориле дрон ист како тој што падна во Загреб

Од:

Украинците објавија дека собориле советски извидувачки дрон Ту-141, а тоа го потврдија и со видео на социјалните мрежи.

Информациите се интересни со оглед дека се работи за истиот тип на беспилотно летало што се урна во Загреб во март.

„Украинската армија собори редок повеќекратен советски извидувачки дрон Ту-141“, велат Украинците.

Дронот Ту-141 од советско производство се урна во Загреб во доцните вечерни часови на 10 март на ливада во близина на Студентскиот дом Стјепан Радиќ. Авионот поминал низ романскиот воздушен простор каде се задржал само 3 минути, потоа низ унгарскиот воздушен простор каде што бил 40 минути.

Во хрватскиот воздушен простор влегол со брзина од 700 километри на час на надморска височина од 1.300 метри.По седум минути во хрватскиот воздушен простор, дронот се урна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски