СДСМ: Шест месеци локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден проект, ниту едно исполнето ветување

Од:

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци од мандатот не сработеа ништо за општините и за граѓаните.Не исполнија ниту едно ветување, не реализираа ниту еден проект. Првите шест месеци од мандатот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се изгубени месеци велат од СДСМ.

– Во главниот град, Скопје, како да нема градоначалничка. Ништо не се работи, ниту едно ветување не е исполнето,а проектите од претходниот градоначалник или се закочени или нема капацитет да ги доврши. Нема бесплатен јавен превоз во Скопје, нема нови 250 еколошки автобуси, нема нови паркови, не се исчистени депониите. Арсовска го стопираше проектот за брз транспорт во Скопје, БРТ, со месеци не може да го заврши мостот во Аеродром, улиците Есенинова и Васко Карангелески, клучката во Визбегово. Дури и директорите кои таа ги назначува и заминуваат на секои 2 месеца. Граѓаните шест месеци ја гледаат неспособноста и неработата на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа Мицкоски се заканува со блокади и зборува за предвремени парламентарни избори во време на најголема криза. Многу добро знае дека разочарувањето кај граѓаните од локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ е големо. СДСМ, заедно со граѓаните, нема да дозволи блокадите и деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја загрозат иднината на државата се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски