Од денес ВМРО-ДПМНЕ почнува со активна блокада на собранието

Од:

„Од денес ВМРО-ДПМНЕ почнува со активна блокада на собранието, потребен е дијалог за предвремени парламентарни избори, Ковачевски охрабри се. Ковачевски имаше доволно време да излезе од сенката на Заев и да го стави интересот на народот во прв план, но не се осмели“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Државата се повеќе тоне. Вчера ДЗС излезе со официјален податок и констатираше двоцифрена инфлација. За една година цените на основните производи се зголемени од 10% до 50%. Народот плаќа 30% поскапа струја и 15% поскапо парно. И секој ден има се повеќе проблеми, Ковачевски не е нов во политиката, тој беше и заменик министер за финансии. Тој е дел од проблемите, и не може да биде решение за истите.

Ковачевски треба да сфати дека Заев нема да му ги реши проблемите, тој е премиер и за сите неуспеси е директно одговорен самиот тој. Но неговите неуспеси ги плаќа и народот кој е се посиромашен. Затоа нема повеќе простор за нови обиди, државата е донесена до ситуација на повеќе кризи. Избори час поскоро.

Токму затоа потребни се предвремени парламентарни избори, а активната блокада е одговор на игнорирањето на власта“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули