Кралицата Елизабета нема да присуствува на отворање на седницата на Парламентот

Од:

Британската кралица Елизабета Втора нема да присуствува на утрешното отворање на парламентарната седница поради тешкотии со движењето, соопшти Бакингемската палата.

Принцот Чарлс ќе го прочита нејзиниот говор во кој традиционално се презентира владиниот дневен ред за следната седница на Парламентот. Ќе присуствува и внукот на кралицата, принцот Вилијам.

Првпат по повеќе од 60 години, 96-годишната кралица нема да го чита говорот на суверенот, кој го пишува Владата за да ги претстави своите приоритети. Исто така престолонаследникот, принцот Чарлс првпат ќе ја замени кралицата.

Кралицата Елизабета отворањето на парламентарната седница го пропушти само двапати за време на нејзиното владеење, кога беше бремена во 1959 и во 1963 година.

Изминатите месеци кралицата Елизабета беше присутна на само неколку јавни настани, иако сè уште има редовни виртуелни состаноци. Нејзиното отсуство во годината кога се слави платинестиот јубилеј по повод нејзиното 70-годишно владеење, означува нова симболична фаза во постепеното префрлање на должностите од кралицата на принцот Чарлс, кој ја застапува во странство во последните неколку години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски