Блинкен: Путин се обидува да ја изврти историјата за да ја оправда бруталната војна во Украина

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја „изврти историјата“ во екот на комеморацијата за завршувањето на Втората светска војна „за да ја оправда својата неиспровоцирана и брутална војна против Украина“, пренесе ДПА.

-Додека војната повторно беснее во Европа, ние мора да ја зголемиме нашата решеност да им се спротивставиме на оние кои сега се обидуваат да манипулираат со историската меморија за да ги унапредат сопствените амбиции, рече Блинкен во изјавата по повод 77-годишнината од победата над нацистите.

„Додека го одбележуваме крајот на Втората светска војна во Европа, имаме света должност кон паднатите: да ја кажеме вистината за минатото и да ги поддржиме сите оние во наше време кои се залагаат за слободата“, додаде Блинкен.

Крајот на Втората светска војна нашироко се одбележува на 8 мај, но Русија ја слави советската победа над нацистичкиот режим на 9 мај. Москва планира воена парада, а Путин се очекува да зборува за војната во Украина, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски