(ВИДЕО) Техниката ги изнервира Студени нозе на „Виноскоп“: Како ќе идеме даље бе љубави не зае*авајте

Од:

Скоро 30 минути не можеше да започне настапот на Студени нозе и Фиц на овогодишниот „Виноскоп“. Поради проблемот со озвучувањето, прекинување имаше речиси по секоја песна во првиот дел од настапот. Бендот и Фиц не сакаа да започнат без техниката да го реши проблемот на кој укажуваа постојано. Фонијата од микрофоните ја слушаше и публиката која чекаше да започнат со хитовите.

„Да направам магија да нема фонија тука друго не знам”, рече Фиц.

Откако проблемот не се реши, следеше уште една реакција на Фиц: “Ало миксета. Дајте ми гитара, клавир, пратечки вокали. Нема полека не слушам ништо човек”.

По 15 минути местење, а откако и атмосферата беше напната на бината, Фиц повторно побара од техничкиот дел да го средат проблемот: „Дајте еден аплауз гледате како се спремни дечкиве. Како ќе идеме даље бе љубави не зае*авајте“.

Техниката не успеа да го реши проблемот, на што Фиц одново реагираше: „Не може вака батка“.

„Ама вие ме слушате напред, јас себе не се слушам. Еј, ако вика.. Терај, не мора да се слушаш, терај.. Е ај да тераме така, аплауз ајде, на глуво, на глуво“, додаде Фиц од сцената.

По неколку песни Фиц искоментира: „Тек сега зазвучивме у пи*ку мате*ну, извинете“.

Иако имаше тензичен почеток на настапот, сепак Студени нозе и Фиц продолжија и направија позитивна атмосфера на „Вино скоп“. Публиката ги пееше нивните големи хитови „Опинок“, „Мајка и е управник“, „Кучето мое“, „Неќу колор телевизор“. Продолжија и со хитови на Драган Вучиќ како што е „Ника Ника, Марика“.

На крајот, Студени нозе и Фиц се заблагодарија на посетителите.

„Заборавете го првиот дел, се надевам ќе се видиме повторно, наскоро“, им кажаа на посетителите.

По нивниот настап, останатиот дел од „Вино скоп“ забавата ја продолжија „Суперхикс“.

По прекин од четири години, овој месец, од 4 до 8 мај, се одржува фестивалот за македонско вино и музика „Виноскоп 2022“. Организатори се Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски