Актуелниот шампион на Англија Манчестер Јунајтед со трофеј ја почнува новата сезона. Во Комјунити Шилд натпреварот (Супер куп на Англија) попладнево на „Вембли“ во Лондон, „црвените ѓаволи“ го победија Виган со 2:0.
Стрелец на двата гола во 6.минута и во 59.минута беше Робин Ван Перси.
Напаѓачот на Јунајтед на последните шест натпревари против Виган има постигнато седум голови.
За шампиониот Манчестер Јунајтед ова беше 20.трофеј во ова натпреварување, а прв за новиот менаџер Дејвид Мојс.