ВМРО-ДПМНЕ: Просветните работници треба да знаат до каде е дијалогот СОНК-Влада и за колку проценти ќе пораснат нивните плати

Од:

СДСМ со притисоци, закани и крајно манипулативно го прекинаа штрајкот на просветните работници.Притоа се повикаа на помирувач кој е пристрасен , односно е вработен во кабинетот на еден министер чиј ресор е директно засегнат од штрајкот. Тоа направи невидена манипулација и понижување на просветните работници порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Од прекинувањето на штрајкот со манипулативни методи, до денес помина недела дена, а јавноста нема никаква информација дали и што договориле двете страни, СОНК и Владата со посредство на помирувачот вработен во кабинет на министер. Очигледно целта на власта е што е можно повеќе и подолго да се пролонгира и да се забошотат легитимните барања на просветните работници. Наставниот кадар легитимно бараше согласно колективниот договор нивните плати да се нивелираат според порастот на минималната плата. Тоа ќе овозможеше поголема и достоинствена заработка на лицата кои се грижат, ги воспитуваат и едуцираат нашите деца. Навистина е понижувачки наставниот кадар да зема плата која е едвај повисока од минималната плата во земјата. Изговорите на власта дека нема пари, дека покачувањето ќе предизвика инфлација и слично беа обични лаги, бидејќи јавноста виде дека биле трошени милиони евра за криминални физибилити студии, криминални договори во 4 очи, набавки на цвеќиња, кафиња, жардињери, фстаци службени возила и какви ли не други непродуктивни трошоци. Јавноста и просветните работници треба да знаат каков е епилогот од преговорите на СОНК и Влада и за колку ќе се зголеми платата. Колку повеќе кријат, толку поочигледно станува манипулативното “задушување“ на штрајкот на просветните работници од страна на Владата на СДСM и ДУИ се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Да си се среќава со Ахмети, Таравари и Апасиев му порача ВМРО-ДПМНЕ на Филипче кој инсистира на лидерска

Манасиевски: Дали Филипче е изземен од случајот Онкологија, каде што се остварила добивка преку измама во висина од 2,2 милијарди денари

Мансиевски: Филипче да излезе од дупката во која се крие и да одговори на јавноста за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза и за пресудата за Модуларна болница

Катерина Ѓуровски

Славески за гувернер е погребување на последната независна институција, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Филипче: Со ново задолжување од шест милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП

СДСМ: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти