Бочварски – Трајковски: Градиме преку 850 социјални станови низ државата

Од:

Во изминативе години успеавме да завршиме или во фаза на изградба се вкупно 853 социјални станови во четиринаесет општини низ државата. Дел од нив ги распределивме, а дел се во завршна фаза и во наредниот период ќе распишеме јавни огласи за распределба, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при увид во изградба на социјалната зграда во Велес.

Станбената зграда има 29 станови, инвестицијата е 41, 5 милиони денари. Се очекува да биде завршена до октомври годинава.

“Наша обврска е да создаваме услови ранливите семејства да добијат сигурност и подобри услови за живот. И заради тоа интензивно работиме на мерки и политики кои влијаат на подобрување на социјалната положба на ранливите категории. Ова е еден од начините како оваа Влада води сметка за згрижување на ранливите семејства. Зградата во Велес се работи со добра динамика и веднаш по нејзиното завршување ќе распишеме јавен повик за распределба на становите.” – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот додаде дека во овој момент во завршна фаза се зградите во Неготино, Демир Капија и Гевгелија, а во моментов во фаза на изградба се 470 социјални станови во Бутел, Сарај, Кочани, Пехчево и оваа во Велес.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, истакна дека веќе се прават планови за продолжување на овој проект.

“Разговарваме со министерот за продолжување на овој проект и затоа активно работиме на расчитување на имотно правните работи на други локации во општините. Банката даде позитивно мислење за нов заем и на добар пат сме да продолжиме да градиме и низ други општини и да го решаваме станбеното прашање за ранливите категории граѓани.” – изјави Кристијан Трајковски, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3%, сега го зголемуваат на 4.9%

Горан Наумовски

Транспорт и врски ќе го раковди Реџепи, Бочварски се повлече поради пратеничкиот мандат

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје

Бочварски на средба со Светска банка, разговарано за инфраструктурните проекти што се реализираат со поддршка од СБ

Бочварски: Oдлуката за автопатот Кичево-Охрид“ ќе биде според стручна анализа