Бочварски на средба со Светска банка, разговарано за инфраструктурните проекти што се реализираат со поддршка од СБ

Од:

Приоритет на Министерството за транспорт и врски е подобрување на инфраструктурата и развој на транспортот, истакнал министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната работна средба со претставници на Светска Банка.

На средбата, на која присуствувал и државниот секретар на Министерството за транспорт и врски, Митко Трајчулески, се разговарало за инфраструктурните проекти што се реализираат со финансиска поддршка од Светска банка.

Министерот Бочварски, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, информирал за досегашната реализација, со посебен фокус на проектот за „Олеснување на транспортот и трговијата на Западен Балкан“.

-Во рамки на овој проект, веќе од следната година, предвидено е да се изврши рехабилитација на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, односно проширување на граничните премини со нови коловозни ленти, како и модернизација на кабините на вработените при Министерството за внатрешни работи и Царинската Управа, се наведува во соопштението.

Бочварски информирал и за проектот за имплементација на Интелигентен транспортен систем (ИТС), што ќе започне да се реализира наредната година на дел од Коридорот 10.

– Имаме навистина значајни проекти кои ќе придонесат многу во развојот на транспортот во Северна Македонија и ќе ја подобрат ефикасноста на граничните премини и на патиштата. Очекуваме Банката и во следниот период да биде силен поддржувач на нашата држава во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура, истакнал Бочварски.

На средбата, како што е наведено во соопштението, се отворило прашањето и за проектот за воспоставување на едношалтерски систем што ќе биде во функција на неколку државни институции како дел од проектот за олеснување на транспортот и превозот на патници.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје

Бочварски: Oдлуката за автопатот Кичево-Охрид“ ќе биде според стручна анализа

Автопат до Охрид нема да има до Нова година: Бочварски кој ова го вети лани, не дава оставка

Орце Костов

Бочварски: Ако сакаме успешен железнички сообраќај, потребна е либерализација на пазарот

(ВИДЕО) Асфалтен бум на Бочварски: Петте километри автопат кај Катланово се санираат три и пол години

Орце Костов