Лајен: ЕК ќе даде уште 200 милиони евра за украинските бегалци и протерани

Од:

На меѓународната донаторска конференција во Варшава, Европската комисија објави пакет помош од 200 милиони евра за украинските бегалци и раселени лица.

-Денеска се собравме со јасна цел: да го поддржиме храбриот украински народ, кој се бори против агресорите и за својата слобода, рече претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен.

Таа, во име на Комисијата, вети 200 милиони евра помош.

На минатомесечната донаторска конференција за раселени и протерани Украинци внатре и надвор од земјата, ветената помош достигна 9,1 милијарди евра.

-Знаеме дека ќе биде потребно повеќе и ќе продолжиме да и помагаме на Украина“, додаде таа.

Околу осум милиони луѓе, од кои две третини се деца, се депортирани од Украина од почетокот на руската агресија, а повеќе од 5,3 милиони Украинци најдоа засолниште во ЕУ и соседните земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски