Ле Дриан ја осудува „историската манипулација“ на Русија за Втората светска војна

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан ја осуди руската „историска манипулација“ по забелешките на рускиот министер за надворешни работи за наводната „еврејска крв“ на Хитлер, јави дописникот на МИА од Париз.

„Украинскиот претседател Володимир Зеленски го изнесе овој аргумент: како може нацизмот да биде присутен (во Украина) ако тој самиот е Евреин. Може да грешам, но Хитлер имаше и еврејска крв“, изјави Сергеј Лавров во неделата вечерта во интервју за италијанските медиуми. Наводната „еврејска крв“ на Хитлер е теорија на заговор која историчарите ја третираат со скептицизам.

„Историската манипулација со злосторствата од Втората светска војна од страна на Сергеј Лавров и неговото Министерство е одвратна. Ја осудувам оваа неприфатлива и одвратна реторика. Ќе продолжиме да се бориме против руските дезинформации за војната во Украина“, напиша Жан-Ив Ле Дриан на Твитер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија