Курти бара од Грција да го признае Косово

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти ја прими денеска новоименуваната шефица на Канцеларијата за врски на Грција во Приштина, Хелени Вакали, од која побара нејзината држава да ја признае независноста на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на владината служба за информирање се наведува дека Курти побарал од Вакали „Грција да се приклучи на мнозинството членки на Европската унија“, кои го признаваат Косово како независна држава.

-Посакувајќи ѝ добредојде на госпоѓа Вакали, премиерот Курти ги нагласи мошне добрите односи меѓу двете земји и можноста за нивно продлабочување преку порастот на трговската размена и на економската соработка и инвестициите, се вели во соопштението.

Новата шефица на грчката дипломатска мисија во Приштина изјавила дека „иако сè уште не ја признала независноста на Косово, Грција успеала да развие билатерални односи без никакви проблеми“.

-Амбасадорката Вакали изјави дека е почестена со новата задача која ја примила и дека Грција е искрена и силна пријателка на Косово … Таа рече дека е импресионирана од големиот потенцијал кој го има Косово и можностите кои постојат за билатерална соработка, се вели во соопштението.

Курти и Вакали се согласиле дека треба да продолжат заедничките пректи во образованието и културата и во организирањето на наредниот економски форум.

Од 25-те членки на Европската унија, освен Грција, косовската независност сè уште не ја признале и Шпанија, Романија, Словачка и Кипар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Косово: Двајца убиени во престрелка во кафеана