Нови експлозии во руската област Белгород

Од:

Две експлозии одекнаа рано утринава во Белгород, регион во јужна Русија што граничи со Украина, објави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

„Пред 30 минути се разбудив од звуците на две силни експлозии. Според информациите од оперативниот штаб, не е причинета штета и нема жртви“, изјави Гладков околу 2:40 часот по локално време.

Вчера голем пожар избувна во фабриката на руското Министерство за одбрана во Белгород. Причината за пожарот не е позната.

Руските власти постојано ја обвинуваат Украина за напади врз складишта за гориво и воени инсталации на руска територија. Извори на украинската влада тврдат дека таквите тврдења „го поттикнуваат антиукраинските чувства“ кај населението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ