Претседателката на претставничкиот дом на Сенатот Ненси Пелоси беше во посета на Киев.
Украинскиот претседател Зеленски објави видео посетата на Киев на Пелоси и на американската делегација.
„Тука сме да ви се заблагодариме за вашата борба за слобода. Вашата борба е борба за сите. Затоа, наша обврска е да бидеме тука за вас додека не заврши борбата“, му рече Пелоси на Зеленски.
„Средба со претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси во Киев. Соединетите Држави се лидер во силната поддршка на Украина во борбата против руската агресија. Ви благодариме што помогнавте да се заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја“, Зеленски напиша.