Британците откриле руска фабрика за тролови која шири лажни вести за војната во Украина на социјалните мрежи

Од:

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија користи фабрика за тролови за да шири дезинформации за војната во Украина на социјалните мрежи и за политичарите во голем број земји, вклучително и Велика Британија и Јужна Африка.

Меѓу нивните цели се високи британски министри и други светски лидери, а трагите од операцијата биле откриени на осум платформи за социјални медиуми, вклучувајќи ги Телеграм, Твитер, Фејсбук и ТикТок.

Eкспертската студија е финансирана од Обединетото Кралство, но сè уште не е објавена пренесува Ројтерс.

Во соопштението се вели дека истражувањето открило дека кампањата за дезинформација на Кремљ била дизајнирана да манипулира со меѓународното јавно мислење за руската инвазија на Украина, да ја зголеми поддршката за неа и да регрутира нови симпатизери.

Се додава дека Русите го користеле Телеграма за регрутирање и координирање на нови поддржувачи кои потоа ги таргетираат профилите на критичарите на Кремљ на социјалните мрежи, испраќајќи им коментари во корист на Владимир Путин и неговата војна.

Русија ги нарекува своите операции во Украина „специјална операција“ за разоружување на Украина и заштита од фашистите. Украина и Западот велат дека тврдењата за фашизам се неосновани и дека војната била неиспровоциран акт на агресија.

„Не можеме да дозволиме Кремљ и неговите фарми за тролови да ги напаѓаат нашите интернет простори со нивните лаги за илегалната војна на Путин“, рече министерката за надворешни работи Лиз Трус во изјавата.

„Владата на Велика Британија ги предупреди меѓународните партнери и ќе продолжи тесно да соработува со сојузниците и медиумските платформи за да ги поткопа руските информативни операции“, додаде таа.

Москва ги отфрли претходните обвинувања на Западот за кампањи за дезинформација, како што е обвинувањето на Вашингтон дека Русија се обидува да се меша во претседателските избори во САД во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо