Германија остро и одговори на Русија: Немаме намера да го плаќаме гасот во рубљи

Од:

Германија не планира да го плаќа рускиот гас во рубљи и во моментов прави се што може за да ја прекине зависноста од руските енергенси.

Ова денеска го соопшти германскиот министер за финансии Кристијан Линднер.

„Нема да дозволиме Русија да не уценува. И во иднина нема да плаќаме руски гас во рубљи. Јасно е дека правиме се што можеме за што поскоро да станеме независни од Русија“, напиша Линднер на Твитер.

Во средата, рускиот енергетски гигант „Гаспром“ ги прекина испораките на гас на бугарскиот „Булгаргас“ и полската компанија „ПГНиГ“ бидејќи тие одбија да го платат рускиот гас во рубљи.

Би можело да ве интересира

Мирошник: Украина не може да одржи прекин на огнот ниту 30 часа

Заврши прекинот на огнот, експлозии низ Украина

Пјаниќ им се извини на Русите: Тоа што ви го прават ФИФА и УЕФА е апсолутно погрешно

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он