Најмалку две експлозии беа регистрирани вечерва во главниот град на Украина, Киев, веднаш по средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Експлозиите се случија по прес-конференцијата за време на која Гутереш ги осуди злосторствата извршени во градовите како Буча, каде што беа пронајдени докази за убиства на цивили по повлекувањето на руските сили.
Експлозиите предизвикаа пожари во најмалку две високи згради.
Властите соопштија дека Гутереш и неговиот тим се безбедни.
Извор: МИА