Петмина загинати при ерупција на вулкан во Индонезија

Од:

Пет лица загинаа по ерупцијата на вулканот Маунт Рокатенда во индонезиската провинција Источен Нуса-Тенгара.

Вулканот прво исфрлил пепел и чад до 2.000 метри височина, а потоа потекла лава.

Поради ерупцијата на вулканот од реонот на островот Палуе евакуирани се околу 3.000 луѓе.

Во Индонезија чести се земјотресите и активностите на вулканите бидејќи земјата се наоѓа во близина на Тихоокеанскиот огнен прстен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

ВИДЕО: Силен земјотрес и ерупција на вулкан во Русија

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

ВИДЕО: Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога