Грчки медиуми: Самарас е премногу среќен од средбите во САД

Од:

Премиерот Андонис Самарас е „многу среќен“ со резултатите од неговите средби во Њујорк и Вашингтон, јавуваат денеска грчките медиуми.

– На средбата со генералниот секретар на ОН разговаравме за различни прашања кои, би кажал,  се од глобално значење и познати прашања што ја засегаат Грција. Имавме многу плодна дискусија и ова беше можност да му ги објаснам на генералниот секретар грчките ставови и мислења, ја пренесуваат медиумите изјавата на Самарас по средбата со Бан Ки Мун.

„То Вима“, „Елефтеротипија“ и другите грчки весници и електронски медиуми, засега само го пренесуваат коментарот на Самарас дека е „многу задоволен“ од средбите во Америка.

„Катимерини“ потсетува дека „Самарас и неговите помошници исто така беа задоволни што претседателот на САД, укажа на тоа дека Грција може да биде корисен партнер во Југоисточна Европа и пошироко“.

– Како што кажа премиерот, понекогаш тоа е соседство со предизвици, и Грција може да игра важна стабилизирачка и партнерска улога како што ние се справуваме со прашања на Блискиот Исток и Северна Африка, ја пренесува „Катимерини“ изјавата на Обама.

Според извори на весникот, за време на средбата во белата куѓа, Самарас предложил Грција да биде домаќин на следната рунда прелиминарни мировни разговори меѓу израелските и палестинските претставници.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски