Повеќе од 25 полицајци повредени во немири во Белфаст

Од:

Повеќе од 25 полицајци се повредени во судири со демонстранти од редовите на британските лојалисти кои се противат на намерата на католичките републиканци да организираат колона за одбележување годишнина од воведувањето затвор без судски процес на 9 август 1971 година.

Петмина од полицајците се хоспитализирани. Повредени се и двајца демонстранти, а опожарени се неколку автомобили.

Полицијата употреби водени топови и гумени куршуми додека врз било фрлано со цигли, шишиња и петарди.

И претходната вечер во Белфаст беа регистрирани немири во кои беа повредени осуммина полицајци.

Со договор за поделба на власта во локалната влада меѓу протестантите и католиците во 1998 година воглавно се завршени судирите во Северна Ирска, но и понатаму се случуваат спорадични немири и закани со бомби.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели фрлени врз полицијата во Северна Ирска пред посетата на Бајден

Ана Ололовска

Полицијата на Северна Ирска: Очекуваме терористички напади на Велигденскиот понеделник

Ана Ололовска

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Кралот Чарлс веќе се замори: Се врати во замокот за да земе слободен ден од неговиот напорен распоред

А1он

Почина Дејвид Тримбл поранешeн премиер на Северна Ирска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска