Уште една пријава за оштетно македонско возило во Грција

Од:

Нов случај на оштетено возило пријавил македонски државјанин кој престојувал во Грција, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Со ова, вкупниот број вакви инциденти летово достигна 43.

На граничниот премин „Богородица“ вчера, С.Ј. од Кавадарци кој управувал патничко возило „мерцедес“, пријавил дека во туристичкото место Неа Врасна, со спреј му биле испрскани ознаките МК на двете таблички од возилото. Оштетувањето не го пријавил и во грчката полиција.

Според МВР, од вкупно евидентираните 43 оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори со шест.

Од вкупниот број случаи, 27 се пријавени и во грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од тамошните колеги.

Вкупно 20 од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите се од други места во државава.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски