Средба Иванов – Вујановиќ во Котор

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов оствари средба со црногорскиот колега Филип Вујановиќ. Двајцата претседатели вчера во Котор разменија мислења и информации за можностите за продлабочување на билатералната и регионалната соработка, како и за процесот на евроатланските интеграции.

Како што соопшти Кабинетот на Иванов, во текот на разговорите било изразено задоволство од традиционално блиските и одлични политички односи меѓу двете земји.

Иванов и Вујановиќ разменија мислења за актуелните случувања во регионот и го потврдија интересот за продолжување на тесната соработка во рамки на меѓународните институции.

Македонскиот претседател Иванов престојува во Црна Горана на покана на претседателот Вујановиќ.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on