Приведен разбојник баран со потерница за седумгодишна казна затвор

Од:

Во скопската населба Аеродром приведен е разбојник кој бил баран со потерница за издржување на затворска казна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (26.04.2022) во 16:00 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на ул.” Владимир Комаров ” во нас.Аеродром-Скопје, го лишија од слобода С. Ц. (37) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд – Скопје, во врска со чл.237 (разбојништво) од КЗ на РСМ, за издржување затворска казна во траење од седум години.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он