Во Средоземното Море спасени 94 мигранти

Од:

Екипажот на бродот Океански Викинг (Ocean Viking) на хуманитарната организација СОС Медитеран денеска спаси 94 мигранти во Средоземното Море.

Мигрантите биле на преполн гумен чамец во меѓународни води недалеку од Либија, соопшти организацијата СОС Медитеран.

Вчера во истата зона беа спасени 70 мигранти.

Во централниот дел на Средоземното Море се едни од најопасните миграциски рути во светот.

Според Меѓународната организација за миграција, повеќе од 23.500 мигранти починале или исчезнале од 2014 година, од кои 2.048 само минатата година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто